Predmeti na voljo

Управување со отпад
Elena Nikolovska

Управување со отпад

Модулот „Управување со отпад“ опфаќа 4 тематски целини:

I - Вовед
II- Хиерархија на отпадот
III- Одржливо управување со отпад
IV- Логистика на отпад.


Наставната содржина е  организирана во 4 наставни единици соодветни на тематските целини:

1. Управување со отпад - Вовед, Типови на отпад - дефиниции
2. Хиерархија на отпад: Избегнување на создавање на отпад, Реупотреба, Рециклирање, Сепарација на отпад и обновување на енергија
3. Одржливо управување со отпад и материјални текови.
4. Анализи на отпад, Воспоставување на оптимизирана логистика на отпад.

Одржливост
Martina Blinkova DoncevskaSuzana Kasovska Georgieva

Одржливост

Модулот „Одржливост„ опфаќа две тематски целини:


I - Еколошки отпечеток и одржлива потрошувачка
II - Одржливост на ниво на компанија и чисто производство

Наставната содржина е организирана во 8 наставни единици:

1. Концепт на одржлив развој; Културен и социјален аспект на одржливост

2. Агенда 2030 и 17 Цели на Одржлив Развој

3.  Воведување во концептот на Eколошки Oтпечаток

4. Пресметување на личен Eколошки Oтпечаток

5. Чекори до Oдржлива Потрошувачка

6. Воведување на концептот Oдржливост на ниво на компанија

7. Чисто производство

8. Воведување во системи за управување со животната средина - Основи на EMS.


Единиците 1 до 2 се изучуваат самостојно, заедно со придружните материјали за насочено учење.
Останатите единици се изучуваат преку класични предавања, во училница, или преку дигитална платформа.
Оценувањето на успехот е преку задачи и тест на крајот на курсот.

 


Управување со енергија
Dijana Likar DimishkovskaAngelina Taneva Veshoska

Управување со енергија

Модулот „Управување со енергија“ опфаќа три тематски целини:


I - Основни поими и дефиниции поврзани со енергијата и нејзиното користење

II - Управување со енергија

III - Енергетска ефикасност


Наставната содржина е организирана во 7 наставни единици:

1. Основни поими и дефиниции

2. Користење на енергијата

3. Правна рамка за управување со енергијата

4. Управување со енергија - анализа на постоечката состојба

5. Заштеди на енергија во домаќинствата

6. Ефикасно корситење на енергијата во компаниите

7. Управување со енергија во пракса - Процедура за воведување 

 

Единиците 1 до 4 се изучуваат самостојно, заедно со придружните материјали за насочено учење.

Останатите единици се изучуваат преку класични предавања, во училница, или преку дигитална платформа.

Оценувањето на успехот е преку задачи и тест на крајот на курсот.